НАНОМАТЕРИЈАЛИ – МАТЕРИЈАЛИ НА ИДНИНАТА

„НАНОМАТЕРИЈАЛИ – МАТЕРИЈАЛИ НА ИДНИНАТА “ е натпревар организиран од страна на Технолошко – металуршкиот факултет под покровителство на Министерот за Образование и наука на Р.Македонија.
Учениците во тимови работеа на проекти на една од темите поврзани со наноматеријалите. Откако беше објавена листата со кандидати кои влегоа во вториот круг – односно имаа повеќе од 80 поени на изработениот проект беа одржани школски натпревари во сите пријавени училишта. На школските натпревари преку презентации подготвени од учениците тие се натпреваруваа и ги покажаа нивните знаења од областа на нанотехнологијата. Своите презентации учениците од нашето училиште ги претставија на 20.02. 2013 г. пред комисија составена од професори од Технолошко – металуршкиот факултет – Перица Пауновиќ, Мирко Маринковски, Билјана Анѓушева и двајца професори од училиштето.
Ментори на тимовите од нашето училиште беа: Розалија Неделкова Војновска, Игор Голубов и Љупчо Стојилков.
Учениците кои го освоија првото место ги следува парична награда од 6000 денари и учество на републички натпревар во Охрид кој ќе биде дополнително организиран од страна на факултетот. Учениците кои го освоија второто место ги следува парична награда од 4000 денари. И учениците кои го освоија третото место ги следува парична награда од 2000 денари.По извршеното презентирање од страна на тимовите од училиштето, и сумирање на резултатите од бодирањето, комисијата го донесе следниот заклучок:
I награда освои тимот на Емилија Нацова , Христина Јорданова , Александра Петкова и Љупка Јорданова. Тие се претставија со проект на тема „Наносензори“ за кој освоија 190 поени..
II награда освои тимот на Љубомир Синадиновски , Дени Илиов, Ангела Крстова и Христина Милцова со освоени 178 поени.
III награда ја доби тимот на Никола Данилов, Ангел Јованов, Гоце Димитров и Јорданчо Арсов со освоени 177 поени.
Првонаградениот тим ќе го претставува нашето училиште на државниот натпревар кој ќе се одржи во месец април, во Охрид.
Наградите на државниот натпревар се : 120 000 ден. за прво место, 60. 000 ден. за второ место и 30.000 ден. за трето место.
Сите учесници на натпреварот ќе добијат сертификати за учество. Дипломи за освоено прво, второ и трето место ќе добијат оние тимови што ќе се пласираат според бодовите од усната презентација собрани заедно со поените од проектот.

Add Comment Register



Напишете коментар