Хуманитарна акција на СОУ„Гошо Викентиев“

Невремето и поројните дождови на семејството Јорданови од село Горни Подлог им ја поплавија и срушија куќата во која што живееја. Со цел да му помогнеме на ова семејство кое воедно има ученика во нашето училиште младинската организација „Авангарда“, заедно со директорот и вработените организираше хуманитарна акција.

549868 589848141042919 991560686 n Хуманитарна акција на СОУ„Гошо Викентиев“

Хуманитарната акција се состоеше од собирање на парични средства и облека од вработените и учениците во училиштето. Во соработка со црвениот крст младите волонтери, воедно наши ученици собираа средства од училиштето и од останатите училишта делејки талони во знак на благодарност. Така во оваа хуманитарна акција се вклучија и основните училишта од Кочани како и СОУ „Љупчо Сантов“.

549340 589848057709594 661383159 n Хуманитарна акција на СОУ„Гошо Викентиев“

Оваа недела од собраните средства беше купено песок и голем број на блокови кои на семејството ќе му послужат за изградба на нова куќа. Материјалите за изградба на новата куќа заедно со облеката на семејството му беа доставени на 11.03.2013 г.

374489 589848067709593 1038343463 n Хуманитарна акција на СОУ„Гошо Викентиев“

Add Comment Register



Напишете коментар