Дискусија на тема: Возачка дозвола на 16 години

vozacka Дискусија на тема: Возачка дозвола на 16 години

Позитивни страни

Зголемена безбедност на патиштата како резултат на обука на возачите
Подобрена сообраќајна култура како резултат на 30 % повеќе едукација и практична обука
Намален број на сообраќајни незгоди
Ги стимулира да учат повеќе и да бидат одлични ученици
Намалување на бројот на сообраќајни незгоди
Во 2010 година имало 12.424 прекршоци ‘управување со моторно возило без возачка дозвола’. Тоа значи без положен возачки испит, со несоодветна категорија на возачка дозвола, или неважечка дозвола. Без возачка дозвола учествувале во 448 сообраќајни незгоди со потешки повреди, во кои 18 лица загинале, а 657 се повредени. Од вкупно 448 сообраќајни незгоди со потешки последици во кои учествувале возачи без возачка дозвола, 314 незгоди се предизвикани по нивна вина, каде загинале 14 лица, а 474 се повредени
Повеќе часови практична обука
Новото законско решение предвидува за оваа категорија да се зголеми бројот на задолжителни часови за практична обука за 30%. Исто така, возачот-почетник на возраст од 16 до 18 години нема да може да вози надвор од границите на општината во која живее.
Повеќе ученици со одличен успех
Возачка дозвола на шеснаесет години ќе може да полагаат само ученици кои се одлични и примерни.Оваа одредба треба да ги стимулира учениците да го подобрат својот успех и да учат повеќе.

Покрај одличниот успех и примерното поведение, ученикот ќе мора да добие и писмена согласност од педагогот и психологот во училиштето заверени на нотар.

Vozacka dozvola Дискусија на тема: Возачка дозвола на 16 години

Add Comment Register



Напишете коментар