Училишното радио TEEN повторно во употреба

До пред неколку месеци радиото TЕЕN во склопот на СОУ “ Гошо Викентиев “ – Кочани ја немаше својата основна функција.

31451 592335544127512 570812764 n Училишното радио TEEN повторно во употреба

Застарената технологија бараше присуство на човек за репродуцирање на музика. По иницијатива на директорот на училиштето Димче Сребренов и професорот Гордан Анастасов учениците Антонио Илиев, Александар Јорданов и Сашко Мицов од IV e3 клас изработија програма во програмскиот јазик Delphi со помош на која се автоматизираше репродукцијата на музика.

229410 592335330794200 333500397 n Училишното радио TEEN повторно во употреба

Програмата овозможува следење на тековното време, а исто така и следење на преостанатото време од одморите и од часовите проследени со видео запис за училиштето прикажани на екран. Оваа програма функционира така што веднаш штом заѕвони училишното ѕвонче за крај на часот во ходникот започнува автоматско пуштање и гасење на музиката.

Add Comment Register



Напишете коментар