Сеќавање за формирањето и развојот на ЕМАУЦ „Гошо Викентиев“

Сеќавање за формирањето и развојот на ЕМАУЦ „Гошо Викентиев“ – Кочани

Во далечната 1959 година во Македонија, почнаа засилено да се прават напори за развој на машинската индустрија,поради што се јавува и голема потреба од стручни и кфалификувани работници. Тогашната металска работилница “Металец” од Кочани, прерасна во фабрика за автомобилски делови (сегашен “Ruen – Inox”).Потребата од стручност станува се поактуелна,па со решение на Собранието на општина Кочани,отворено е индустриско училиште со практична работа.Решението беше донесено во втората половина на месец септември,учебната 1959/60 година,при што веднаш е назначен и директор.Директорот беше задолжен веднаш да организира настава.Беше распишан оглас за упис во први клас и беа запишани 41 ученик во една паралелка,која започна со работа при крајот на септември. Училиштето беше сместено во зградата на гимназијата со економски паралелки и тоа во една училница се изведуваше теоретската настава а во подрумот на истата зграда се изведуваше практична работа.Се што беше потребно за реализација на теоретската работа се користеше од гимназијата ,за пракса фабриката “Руен” ни отстапи расходуван алат со кој ја опремивме браварската работилница со 44 работни места.Теоретската настава ја изведуваа хонорарни наставници од гимназијата,а практичната беше застапена со ангажирање на редовно вработени двајца висококфалификувани работници. Во такви услови и околности работевме 2 години.1961 година во министерството за образование и култура на Македонија постоеше посебен фонд за ваков вид училишта. Благодарение на тој фонд и на поднесените барања за набавка на опрема и изградба на нова зграда,почна да се гради новата зграда на индустриското училиште со практична работа.Со градењето на зградата,истовремено и се набавуваше опремата за училиштето.Во учебната 1962/63 год.вработени се и редовни професори по македонски јазик,математика и физичко воспитание а стручните предмети се уште ги предаваат стручни лица од “Руен”.Во новата зграда, училиштето се преселува учебната 1962/63 година.Таа година училиштето има четири училници три кабинети и три работилници:браварска,машинска и ковачка.Во браварската работилница имаше 40 работни места за кои понковите ги изработивме сами.Во машинската работилница имавме осум класични дребанзи,два полуавтоматски,една брусалка за рамно брусење,една за кружно брусење,еден шепинг,две глодалки за запчаници и две кружни глодалки.Учебната 1962/63 година,училиштето е верифицирано во ЕЛЕКТРО-МАШИНСКИ центар,во кој се припремаат во првиот степен кфалификуваи работници,а во вториот електро и машински техничари.Истовремено солидно ги опремивме кабинетот за техничко цртање и физика и библиотеката.Во 1963 година во нашето училиште е одржано и републичкото советување со училишните центри од:Скопје,Битола,Прилеп и Гостивар и преставници на министерството за образование и кулутра на Македонија.На тоа советување,високо беше оценета опременоста и работата во нашето училиште.Бројот на редовно вработените се дополни уште и со професори по историја и двајца редовно вработени машински инжинери за стручните предмети. Развивавме и понатаму тесна соработка со “Ruen – Inox”.Во работилницата паралелно со практичната работа,се одвиваше и производен процес кој даваше видливи резултати.Се произведуваа сидмашинки за шарање на лим,шрафови за бандажи на трактори,запчаници,чукови од разни димензии,моторцангли,роцангли,лакови за бонсеци,гашпери за прозори,окови за бродски столчиња и се се пласираше преку Технометал-Автокоманда во Скопје и другата трговска мрежа низ републиката. Приходите од работилницата се користеа за набавка на репроматеријали,за ученички екскурзии,матурски вечери и сл. Така ова работеше се до 1969 година по раководство на директорот Стојан Атанасов.

Сеќавање на првиот директор на ЕМУЦ”Гошо Викентиев”
Извадок од 30 години ЕМАУЦ”Гошо Викентиев” Кочани

Add Comment Register



Напишете коментар