5-та Ротари конференција.

Група ученици од нашето училиште учествуваа во овогодинешната 5-та ротари конференција за професионална ориентација под мотото „Да останам или да заминам “ во организација на Ротари клуб Скопје – Камен Мост.

 5 та Ротари конференција.

На конференцијата беа опфатени теми на речиси сите професионални области кои ги засегаат потенцијалните академски граѓани, како што се: архитектура и градежништво, бизнис и финансии, здравство и медицина, инженерство, медиуми и маркетинг, право, образование, уметност и дизајн.

„И оваа година се одлучивме да го организираме овој настан за кој веруваме дека ќе биде од исклучителна важност за младите во донесувањето на една од поважните одлуки во нивниот живот. Свесни сме дека ова е чувствителна тема и пред да ја донесат својата конечна одлука корисно е да им овозможиме услови за отворена меѓусебна  дискусија, но и разговори со стручни лица од различни професионални области. На годинешната тема ќе се осврнеме повеќе кон можностите за студирање и работење надвор од нашата земја, но и предностите да се продолжи овој процес во Македонија. Би сакал да ги поканам сите заинтересирани средношколци да се пријават за да земат учество и заеднички да поразговараме за овие важни теми“, изјави Иван Новаковски, член на Ротари клуб Скопје Камен Мост.

Оваа конференција досега ја имаат посетено повеќе од петстотини средношколци од дваесетина училишта, и истата преку прашалник е оценета како успешна иизвонредно корисна. Програмата на конферецијата е достапна на сајтот на Meѓународното училиште НОВА www.nova.edu.mk .

Add Comment Register



Напишете коментар