Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Струката за Електротехничар за компјутерска техника и автоматика опфаќа четиригодишно образование. Во текот на тие четири години ученикот кој ја следи таа настава ќе има можност да изучува за: инсталирање на оперативни системи, автоматски системи, сервис на компјутери, програмирање на роботи и роботски раце, компјтерски мрежи и примена на PLC. Во нашето училште има можност да се образуваат 34 ученици, 1 паралелка, 55 поени минимум.

 

За време на образовниот процес, учениците се стекнуваат со следните знаења и вештини:

  • Да откривааат и отстрануваат  дефекти на компјутерска техника и опрема
  • Да инсталираат софтвер
  • Да користат инструменти и мерна опрема
  • Да проектираат и одржуваат мрежи
  • Да програмираат ПЛУ (PLC) во производствени процеси
  • Да програмираат во програмскиот пакет Pascal
  • Да програмираат во програмскиот пакет Delphi
  • Да дизајнираат вебстрани
  • Да работат со бази на податоци

По завршување на средното стручно образование учениците се стекнуваат со називот:

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА

И можат да го продолжат образованието на соодветни или на сродни профили на повисоко ниво:

  • Компјутерско-системско инжинерство и автоматика
  • Телекомуникации
  • Компјутерски науки
  • Програмско инженерство
  • Информациски системи
  • Компјутерски архитектури и мрежи
  • Информатичко образование и електронско учење
  • Информатика за основно образование
  • Електроенергетика и управување
  • Електроенергетски системи
  • Електроенергетски уреди
  • Електроника, радиотехника и процесирање на сигнали
  • Информатика и компјутерско инжинерство
  • Конверзија и искористување на електрична енергија

Ваквите кадри во светот се дефицитарни и пазарот на труд е многу поволен. Како поатрактивни работни места би ги издвоиле:

  • ИТ менаџери
  • Развој на веб апликации
  • Програмери
  • Графички дизајнери
  • Менаџери со бази на податоци
  • Сервисери на компјутери и компјутерска опрема
  • Дизајнери на мрежи
  • Инжењери за мобилни апликации
  • Одржувачи во автоматизирани производни системи
  • Развој на апликации

automation projects web 300x159 Електротехничар за компјутерска техника и автоматика images 300x156 Електротехничар за компјутерска техника и автоматика programming 300x200 Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Add Comment Register



Напишете коментар