Електротехничар за елктроника и телекомуникации

elektronika Електротехничар за елктроника и телекомуникацииСтруката за електротехничар за елктроника и телекомуникации опфаќа четиригодишно образование. Во текот на тие четири години, учениците кои ја следат таа настава ќе имаат можност да ги изучат електронските шеми и плочи, телефонските централи, мобилните и фиксни телефони, интернет и лолната мрежа и засилувачи и звучници.
Во нашето училиште има можност да сe образуваат 68 ученици,2 паралелки, за да бидат тие примени треба да имаат 55 поени минимум.

По завршувањето на училиштето ученикот е способен за следниве работни задачи:

  • чита и работи според техничка документација;
  • монтира и демонтира електронски и телекомуникациски склопови и уреди;
  • открива и отстранува дефекти на електронските и телекомуникациските склопови и уреди;
  • тестира и контролира исправност на електронски и телекомуникациски склопови и уреди;
  • изведува самостојно или учествува во изведбата на разни видови електрични инсталации за електронски и телекомуникациски склопови и уреди;
  • одржува и заштитува електронска и телекомуникациска опрема и инсталација;
  • ракува со електронски и телекомуникациски склопови и уреди;
  • ракува со електронски мерни инструменти;
  • користи наменски програмски пакети;
  • учествува во спецификација и набавка на електронски и телекомуникациски делови и компоненти;
  • користи технички помагала и информатичка технологија во работењето;
  • планира, подготвува и контролира квалитет на извршената работа;
  • води евиденција за состојбата на средствата за работа;
  • пополнува потребна работна документација;
  • комуницира со клиенти;
  • запазува процедури за работа;
  • применува соодветни мерки на заштита;
  • користи заштитна опрема;
  • применува прописи и друга регулатива од областа на безбедност и заштита при работа и заштита на животната средина.
Add Comment Register



Напишете коментар