Техничар за компјутерско управување

Техничар за компјутерско управување

Ако сакаш да работиш на компјутер, а во животот имаш желба да го работиш она што го сакаш, искористи ја приликата и запиши се во образовниот профил Техничар за компјутерско управување со четиригодишно траење на образованието.

Што претставува образовниот профил „Техничар за компјутерско управување“ ?

        Овој образовен профил е осмислен за усвојување на знаења и вештини со користење на компјутерот во процесот на конструирање и подготовка на производството.Тоа опфаќа моделирање на машински елементи и конструкции, компјутерска графика, технологија, програмирање и работа на нумерички управувани(CNC) машини.

Што претставуваат CNC машините?

CNC (Computer Numerical Control) машините        се управуваат со помош на програма за обработка која се изработува и проверува на компјутер. Создадени се на почетокот на педесетите години од минатиот век, а денес се        почесто се употребуваат и ги истиснуваат од употреба класичните машини 

Што обезбедува наставниот план и програма?
  • Стекнување на знаења за разработка на технолошка постапка за изработка за нумерички управувани(CNC) машини.
  • Совладување на рачното програмирање за компјутерски управуваните (CNC) машини каде патеката на алатот ја дефинира програмерот.
  • Совладување на програмирањето соупотреба на компјутер и CAM (Computer Aided Manufacturing) софтвер каде патеката на алатот ја дефинира самиот програм.
  • Стекнување на знаења за изработка на комплетна техничко-технолошка документација
Користење на софтверски пакети во наставата
  • Windows & MS Office – kкако основа за ефикасно користење на компјутерот
  • ACAD  – како основа за  2D компјутерска графика
  • Win NC – софтвер за рачно програмирање на CNC машини
  • SolidWORKS – врвен програмски пакет за 3D моделирање и изработка на техничка
  • документација
  • SolidCAM – специјализиран програмски пакет за автоматско генерирање на  G-код 
Што по завршување на четиригодишното образование?
  • Може да се занимава со разработка на технологија и програмирање во сопствена или во друга фирма која се занимава со процес на производство.
  • Се занимава со моделирање, конструирање, програмирање, проектирање на производи
  • Да го продолжат своето образование на некој факултет  на  високообразовните институции .

computer aided manufacturing 300x254 Техничар за компјутерско управување factory floor 300x251 Техничар за компјутерско управување technician program 300x200 Техничар за компјутерско управување

Add Comment Register



Напишете коментар