Патрон

goso Патрон

За патронот на училиштето

На 17.IX.1944 година, во селото Митрашинци е формирана 50-та НО дивизија, во чиj состав влегува и 14-та македонска младинска ударна бригада „Димитар Влахов“. Со група напдени младинци од Кочани и со својот помал брат Ацо, во редовите на 14-та бригада стапува и Гошо Викентиев. Гошо станува командир на VI баталјон, а на таа должност ќе го дочека и свото крвав крај. Со свотата единица, Гошо особено се истакнува во борбените акции што се водат на територијата кај Грдац, Виница, Трогерци, Балван, а посебно во битките за ослобудување на својот роден град Кочани.
Токму и во битката за ослободување на Кочани, во судир со германците, во октомври 1944 година, Гошо ќе го положи својот млад живот на олтарот на слободата. Последните зборови на ова младо момче биле: „Напред другари ослободете го моето сакано Кочани, поздравете го брат ми Ацо и моите родители во слободно Кочани“.По завршувањето на основното училиште во родниот град, од 1934-1939 образованието го продолжува во воено-техничкиот завод во Крагуевац. Откако го завршил школувањето, се вработил во Воениот завод во Крагуевац и таму работел до март 1941 година кога се враќа во Кочани и се вработува како референт во тогашната кочанска општина.
Во НОВ стапил на 6 септември 1944 како борец на Четвртата макоданска народно ослободителна ударна бригада. Подоцна поминал во редовите на Четиринаесеттата македонска младинска народноослободителна ударна бригада “Димитар Влахов” и учествувал во борбите против фашистичкиот окупатор што ги водела бригадата.
Загинал при нападот за ослободување на Кочани на 17 октомври 1944 како командир на чета во Осмиот баталјон на Четиринаесеттата македонска младинска народноослободителна ударна бригада.
Во спомен на неговата херојска смрт, СОУ “ГОШО ВИКЕНТИЕВ” од декември 1959 година го носи неговото име.

Add Comment Register



Напишете коментар