Кодекс на однесување во училиштето

Во процесот на воспитување и образување ученикот се обврзува:

  • Воспитанието и образованието да му претставуваат највисок императив во неговото однесување.
  • Да ги осознава и почитува опшествените и индивидуалните вредности кои имаат траен карактер и кои треба да ја чинат основата на моралноста на една личност.
  • Да ја чува честа и благородните традиции на ликот на ученик со совесен, одговорен и хуман однос во работата.
  • Да ја почитува личноста на своите соученици, наставници и родители.

Ликот на ученикот
Ученикот треба:

  • Постојано да се ангажираво постигнување на резултати во наставата и воннаставните активности, со корисност, одговорност, објективност и доследност во однесувањето.
  • Да ги почитува законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко.
  • Секогаш и секаде да внимава на својот јазик кој треба да е литературен, јасен и достоинствен.
  • Секогаш да служи за пример со својот изглед и однесување и да формира културни и естетски навики.
  • Да внимава на својот морален лик.
  • Треба да има одговорен однос кон средствата и условите со кои или во кои работи и учи.
  • Да се изградува во личност во која може да се има доверба.
  • Да верува во своите способности и пред себе да си поставува високи барања.
  • Со личен пример и со почитување на прописите во училиштето и надвор од него да се бори против причинителите на болести на зависност и други негативни појави – дрога, алкохол, пушење, криминал и сл.

Ученикот и учењето
Во процесот на свесно учење и работа на своето образование и воспитание ученикот треба да научи:

  • Да ја развива својата способност на учење.
  • Да го разбира процесот на учење цел живот.
  • Во учењето да прифаќа примена на нови наставни технологии и да ги користи наставните средстваи помагала што му стојат на располагање.
  • Да се самооценува во сопствените постигнувања.

Ученикот и наставниот час
Ученикот треба:

  • Навреме и редовно да доаѓа секој наставен час.
  • Да допринесува и овозможува позитивна работна атмосфера со активно ангажирање на часот.
  • Да не ја пореметува планираната работа на часот со задоцнето влегување, разговори, излегување, предизвикување конфликтни ситуации и др.
  • Да ги почитува сите субјекти за време на часот и другите воспитно образовни активности.
Add Comment Register



Напишете коментар