За училиштето

ИСТОРИЈАТ

Училиштето е основано со одлука на Народниот одбор на Кочани од 5 декември 1959 година како Индустриско училиште со практична обука. Од основањето до денес училиштето е во пораст како по бројот на учениците, наставниците, така по стручните профили, современата наставна технологија, просторот и модерните наставни програми.

Денес во училиштето се школуваат 1278 ученици во 38 паралелки, во две струки (машинска и електротехничка), и 11 профили. Наставата ја изведуваат 67 професори организирани во 7 стручни активи.

На секој ученик му е овозможено покрај добивањето на ученичката диплома со завршувањето на училиштето да се здобие и со возачка дозвола.

Училиштето располага со 20 специјализирани училници – кабинети за квалитетно изведување на теоретската настава, 5 работилници за потесната практична настава, 5 специјализирани кабинети за практична настава и автосервис.


НАСТАВНИ ПРОФИЛИ

1.Електротехничка струка

Ова е една од најатрактивните струка во училиштето, во која се застапени пет насоки: компјутерска техника и автоматика, електроника и телекомуникации, електроенергетика, електроинсталатер и монтер, и електромеханичар.

2.Машинска струка

Со развојот на индустријата, техниката и науката се зголемува бројот на запишани ученици и разновидноста на паралелки од различни профили во машинската струка. За тоа придонесува опременоста на училиштето со голем број модерни нагледни средства, машини, алати, компјутери и оспособениот наставен кадар. Насоки во машинската струка се: машински техничар, машинско-енергетски техничар, бравар и машинбравар, металостругар и металоглодач и автомеханичар.

3.Сообраќајна струка

Развојот на сообраќајната струка во училиштето започнува со формирањето на авто-школата. Таа овозможува обука на ученици што ќе се стекнат со знаења од оваа струка, а во исто време ќе можат да добијат дозвола за управување со моторно возило. Авто-школата работи и за учениците, но и за кандидати надвор од училиштето кои сакаат да положат возачки испит.

 

Add Comment Register



Напишете коментар