ОГЛАСНА ТАБЛА

Огласна табла на училиштето.

Овде ќе бидат објавени сите огласи и конкурси и натпревари во врска со учениците и училиштето.  Учениците кои се пријавени за некој од објавените конкурси потребно е почесто да ја посетуваат страница поради можни измени.

  1. ЛИКОВЕН КОНКУРС
    По повод 1-ви април, денот на шегата, М.О „Авангарда“ спроведува ликовен конкурс за сите ученици од „Гошо Викентиев“ од прва до четврта година. Уметниците имаат за задача да цртаат на тема поврзана со денот на шегата, односно маски, костими или слично. Добиените ликовни творби ќе бидат изложени, а онаа што ќе биде изберена за најдобра-добива награда. Се разбира, најдобрата творба ќе влезе и во младинскиот весник „Авангарда 3“. Рокот за доставување на творбите е до 25 Март, кај Бојана Китанова.
  2. МАССУМ 2017
    Младинска Асоцијација на Средните Стручни училишта во Македонија (МАССУМ), официјално постои од 2006 година и има за цел да го подобри животот на младите, да ги подготви за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата. Исто така нашето училиште ја следи традицијата и секоја година учествува на ова образовно рандеву и се враќа со многу освоени награди. Сите ученици може да ја погледнат целата програма на massum.org или на истакнатото на огласната табла, да изберат своја категорија, да пронајдат ментор и да се пријават. За потсетување, лани имавме 7 освноени награди од кои 1 прво и 2 втори места.
  3. МО „Авангарда“ – Конкурс слободна поезија.
    Младинска организација „Авангарда“ распишува конкурс под мотото „Пишувај за да пишуваме“ за учениците од прва до четврта година. Конкурсот е на слободна тема (поезија). Најдобрите избрани текстови ќе бидат запишани низ страниците на весникот „Авангарда Бр. 3“ кој ќе излезе од печат на крајот на учебната година.
  4. ТУРНИР ВО ШАХ
    MO „Авангарда“ организира ТУРНИР ВО ШАХ. Сите ученици кои сакаат да учествуваат на турнирот може да се пријават кај Hristijan Miskovski или Stoilov Ivan. Турнирот е без уплата и ќе се игра во училиштето. Пријавување најдоцна до 15-ти март.