СОУ „Гошо Викентиев“ -Кочани, Р. Македонија
 

Алатки

    

Статистика

Посетители:
  • Онлајн: 5

Новости:
  • Вкупно: 26

Форум:
  • Теми: 440
  • Мислења: 2370
  • Членови: 12



М.О. Авангарда


Младинската организација која активно функционира веке неколку гоини во нашето училиште представува центар каде што младите од нашето училште можат да ги споделат своте идеи, проблеми или пак ги реаализираат нивните замислени проекти. Звучното име што и го дадовме „Авангарда“ 100% го оправда и заслужи, е срце на училиштето, предводник и носител на прогресивни идеи. Нашето мото: ИДНИНАТА Е ВО НАС, НИЕ СМЕ ИДНИНАТА, ни стана патоказ да истраеме во остварување на своите права.

Да бидеме во центарот на случувањата, наместо на маргините. Младинската организација денес активно учествува во работата на училиштето, соработува со други младински организиции и со невладини организации. Веќе не сме само млади за кои се зборува, туку млади кои се прашуваат. Учествуваме во спроведувањето на голем број проекти и активности кои се реализираат во нашето училиште, но и сме иницијатори за многу корисни новини во училиштето. Во рамките на младинската организација работи и канцеларијата популарно позната меѓу нас како кариерен центар. Младинската организација им овозможува на учениците преку различни проектни активности да го развијат духот на тимската работа, да ги открие потенцијалте и квалитетите на своите членови и да ги насочи и развива во вистински правец. Младите со лидерски способности (а верувајте ги има меѓу нас) вешто ги користат потенцијалите на членовите од тимот за квалитетно извршување на задачите од даден проект. Токму младинската организација им овозможува на младите да ги изучуваат комуникациските вештини. Членовите од од М.О се вклучени и во работата на невладината организација Здружение на Граѓани (ЗГ) „ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ“, потоа во проектот за превентивно делување - борба против трговијата со луѓе, борба против дрогата, проект за толеранција и взаемно почитување, урбана култура и култура на здраво живеење. Имаме и свој весник „Наесет“ преку кој ги презентираме своите достигнувања, како и активностите и постигнатите резултати на училиштето. И оваа година се подготвуваме за учество на Саемот за образование каде ќе се натпреваруваме во повеќе дисциплини. Се надеваме дека и оваа година ќе го постигнеме и надминеме успехот од предходните години. Горди сме на својата работа. Работиме со ентузијазам и сакаме нашето училиште да продуцира кадри кои не само професионално ќе бидат на високо ниво, туку ќе имаат и високи морални вредности. Имаме одлична соработка и со професорите и со менаџерскиот тим кои ни даваат несебична подршка и поттик за уште поголеми резултати.