Кариерен центар
Транзициониот процес низ кој што минува нашава држава повеќе од петнаесетина години остави длабоки траги не само врз нашето општество, туку и врз нас младите, како негов составен дел. Можеби затоа не ретки се низата случки кај нас младите почнувајки од најбаналните прекршоци, па до тешки кривични дела.
Загрижувачката појава на девијантното однесување кај нас младите, која не ретко завршува со трагични последици, појавата на малолетничка деликвеција, резултира со висока стапка на криминалност, а старосната граница кај младите деликвенти за жал си повеќе се спушта.
За сите овие појави веќе подолго време размислуваат и младите од нашето училишште, барајќи нaчин како младите да се вратат на вистинскиот пат – градење на стабилни личности, кои ќе бидат носители на прогресот во општеството. Поради сите овие причини утврдувајќи дека се исполнети сите услови од септември 2006 година започна да работи канцеларијата на мадинската организација „АВНГАРДА“ , популарно позната меѓу нас како КАРИЕРЕН ЦЕНТАР. Формирањето на кариерниот центар беше вистински предизвик за членовите на младинската организација пред си поради високите цели кои ги постави пред себе. Имено, направивме напори кај младите да се развие духот на тимската работа, како најефикасен начин за постигнување на добри резултати и справување со непредвидливи ситуации и проблеми на кои наидуваат младите во секојдневниот живот. Тимската работа овозможува да дојдат до израз различните потенцијални квалитети на личноста и правилно да се користат и усмеруваат, како и да се координираат во тимот. Младите со лидерски способности вешто ги користат способностите на сите членови од тимот, при изготвување на големиот број на проекти за подобрување на условите во училиштето, како и за презентирање на постигнувањата на учениците во училиштето и надвор од него.
За таа цел кариерниот центар ни овозможува на нас младите изучување на комуникациските вештини. Овде се раѓаат идеите, се подига свеста кај младите за взаемно почитување помеѓу родовите во училиштето и надвор од него. Неслучајно велиме дека кариерниот центар е епицентарот на младинската организација „АВАНГАРДА“, и најкреативното катче во нашето училиште. Кариерниот центар веќе две години активно функциоира, и го промовира нашето училиште како институција со реноме, на која се горди и учениците и вработените. Морам да истакнам дека и од директорот на училиштето и од професорите имаме несебична подршка и помош. Ваквата взаемна соработка и почитување покажува дека младите во нашето училиште умеат и знаат како треба да се изградат здрави лочности кои покрај образование ќе имаат и високи етички и морални квалитети. Нашиот кариерен центар е пример за успешноста на младите и со него се гордееме. Размислуваме да ја продлабочиме и да ја прошириме активноста на нашиот центар со што ќе се постигнат уште подобри резултати.


