Второ дружење со „МојаКариера“
Напишано од Љубомир Атанасов на 22.11.2009 | Категорија:
Дваесет и пет ученици имаа можност по втор пат да бидат присутни на повеќечасовната презентација на претставниците од организацијата „Моја Кариера“ која траеше околу 5 часа во просториите на училишната библеотека.
При првата посета на претставниците, учениците добија површни познавања од пишување свое лично CV и апликација на истото до некоја потенцијална фирма за вработување. Вчера (21.11.2009) со почеток во 10 ч. беше започнато предавање на иста тема, но секако со пошироки размери на запознавање. Претставниците говореа за комуникацијата како важен дел од интервјуто со потенцијалниот работодавец, говорот на телото, бон - тонот во вршењето на интервјуто итн.
Презентацијата го дочека својот крај во 14:45 ч. воедно соопштувајќи им на трперливите ученици за добивање сертификати од споменатата организација како доказ за обуката на која беа подложени самите ученици. Презентерите исто така соопштија на можни обуки во елитни фирми, што секако наиде на едногласно одобрување од самите ученици.