Започнаа „Денови на средношколска култура и уметност“
Напишано од Љубомир Атанасов на 23.12.2009 | Категорија:
Денес (23.12.2009) и официјално во 10 ч. започна манифестацијата „Денови на средношколска култура и уметност“ во организација на М.О. „Авангарда“ чии членови вложија големи напори за реализација на овој проект.
За денес учениците на СОУ „Гошо Викентиев“ и учениците од училиштата кои беа поканети, имаа многу заеднички забавни активности. Денот започна околу 10 часот со цртање со креди и спрејови на полигонот на СОУ „Гошо Викентиев“.
Во градската библиотека „Искра“ од 19 до 20 часот терминот беше резервиран за обраќање на нашиот директор г-динот Петруш Сенесов, потпредседателот на М.О. „Авангарда“ и уметнички организатор Ангелчо Илиевски, претседателот на М.О. „Авангарда“ Наташа Анастасова, а потоа се обрати и менторот на М.О. „ Авангарда“ Влатко Атанасов. Гостите од другите училишта имаа можност да ги погледнат изложбите на фотографии и цртежи изработени во текот на целата година. Последните минути од денешното дружење беа искористени за литературно читање на членови на ЛК „Копнеж“, ученици од нашето училиште, а право да ги покажат своите способности за литературно читање добија и учениците од СОУ „Коле Нехтенин“ од Штип. Утрешните активности се во полето на драмските вештини со почеток во 20 ч. во МКЦ „Ленин“ и ќе бидат прикажани повеќе етиди во режија на Ангелчо Илиевски, свој настап ќе имаат средношколците од Домот на културата од Пробиштип, а ќе бидат прикажани и сцени од филмот „Како да се разбие малерот“ во режија на Ангелчо Илиевски. Па повелете и погледнете ги!
Сликите од денешниот ден (сликани од Стефан Атанасов и Ангелов Дејан) можете да ги погледнете во галеријата