Втор ден од „Денови на средношколска култура и уметност“
Напишано од Љубомир Атанасов на 24.12.2009 | Категорија:
Заврши и вториот ден (24.12.2009) од долгоподготвуваниот проект на М.О. „Авангарда“ – „Денови на средношколска култура и уметност“. Денешните предвидени активности се изведоа на „штиците кои живот значат“ во МКЦ „Ленин“ Кочани.
Присутните во публиката, меѓу кои и многу професори и ученици од СОУ „Гошо Викентиев“, имаа можност да погледнат повеќе етиди под режија на Ангелчо Илиевски, подпретседател на М.О. „Авангарда“ и уметнички организатор на манифестацијата. Исто така и средношколците од Домот на културата во Пробиштип одлично го одиграа својот дел од програмата, одглумувајќи етиди, во кои талентираните глумци меѓу гостите зедоа учество. Кон крајот на денешната програма ученици од ОМУ "Ристо Јуруков" и демонстрираа на публиката 3 претходно подготвени музички точки, кои наидоа на прифаќање со аплауз од публиката. Публиката не ги штедеше аплаузите во текот на сите изведби на средношколците. Сликите од денешните активности можете да ги погледнете во галеријата.
Утре е последниот ден од манифестацијата. Во програмата на последниот ден ќе можете да уживате ако се упатите во 8 ч. во МКЦ „Ленин“, а таму ке ве забавуваат „ARIA“ бенд, Ангела Арсова, а ке можете да погледнете и настап на hip-hop група.