Завршија „Денови на средношколска култура и уметност“
Напишано од Љубомир Атанасов на 25.12.2009 | Категорија:
Се што е убаво, трае кратко. Па така и „Деновите на средношколска култура и уметност“ го дочекаа својот крај. Последно што подготвената програма и го пружи на публиката ги вклучуваше „ARIA“ бенд, Ангела Арсова, која оваа година настапи на "Макфест" со песната „Нема ни светлина“, кратка музичка hip hop точка и инсерти од филмот „Како да се разбие малерот“' во продукција на СОУ „Гошо Викентиев“.
Со почеток во 20 ч. први кои имаа чест да настапат на сцената во МКЦ „Ленин“ беа членовите на музичкиот бенд „ARIA“' кои на свој rock начин ја воодушевија бројната публика! Ова воедно и беше можност за присутните да ги слушнат двете нови песни на оваа група – „Прекрасна си“' и „Само љубов дај ми“' кои наидоа на громогласен аплауз од публиката.
По нив следеше вокална интерпретација на талентираната Ангела Арсова со нејзината макфестовска песна и неколку останати странски нумери. Кон крајот на денешната програма две ромски девојчиња изведоа музичка hip hop точка која и те како беше возвратена со огромен аплауз. Организаторите на манифестацијава изнајдоа термин за да може публиката да ги проследи најинтересните сцени од филмот „Како да се разбие малерот“'.
М. О. „Aвангарда“ секогаш изненадувала со впечатливи за сите, проекти како овој, па се надеваме дека во иднина ке можеме да очекуваме реприза на една ваква културна манифестација.