Картинг возило
Понекогаш можете да забележите како низ училишниот двор кружи картинг. Ова убаво чудо што се „фрцка“ горделиво низ дворот е наше дело. Најголем виновник е стрпливата соработка на професорот по практична настава Ивица Јорданов и подршката од професорот Љупчо Стојилков. Не само што ќе кажеме, туку и потврдуваме, а и многу генерации наназад кажуваат дека нашиот професор на часовите повеќе е уметник. Сега ни е јасна и онаа народната дека занаетот се краде, всушност го гледаш мајсторот (браво, мајсторе! ... и ученици!) и учиш. А професорот Ивица не е мајстор, туку доктор, „ректор“ за картинг. Посебна благодарност до г-дин. Слободан Таневски, главен и одговорен уредник на „Емитер“ и г-дин Томе Скендеровски и г-дин Григор Скендеровски, автори на „То-Ги“ кои несебично ги споделија своите искуства со читателите на списанието „Емитер“. Се надеваме за понатамошна успешна соработка.
Професорката Донева ова наше дело го нарече „дете“. И навистина како игра и професорот потврдува „Тоа и е како дете“. Само ние велиме ова е посебно дете, зашто има двајца татковци иако нема мајка. Создадено е со многу, пред се љубов кон работата, со ентузијазам и енергија. Стрпливо се собирани стари материјали, делче по делче за да се материјализира нашата и професорската заедничка љубов. И како љубовта раѓа љубов, многу луѓе од страна (како „Амазонци“) и домашните само се радуваат, само се обидуваат и тие нешто да помогнат. Ние пак сме двојно порадосни и заради тоа што сме успеале некого да восхитуваме!
Повеќе слики од картингот можете да видите во галеријата