За училиштето

СОУ „Гошо Викентиев“

СОУ „Гошо Викентиев“

Денес тоа е развиено средно училиште што образува кадри од: машинска, електротехничка, автoсообраќајна, а во блиско минато и од графичката, градежната и хемиско-технолошката струка.

Процесот на промените е прифатен од наставничкиот колегиум како извесност што носи квалитет во наставно воспитната работа како наша основна дејност.

Воннаставните активности, спортот, автошколата и интернетот го прават училиштето отворено за светот, а светот за нас многу поблизок.

Училиштето е основано со одлука на Народниот одбор на Кочани од 5 декември 1959 година како Индустриско училиште со практична обука. Од основањето до денес училиштето е во пораст како по бројот на учениците, наставниците, така по стручните профили, современата наставна технологија, просторот и модерните наставни програми.

На секој ученик му е овозможено покрај добивањето на ученичката диплома со завршувањето на училиштето да се здобие и со возачка дозвола.

Училиштето располага со 20 специјализирани училници - кабинети за квалитетно изведување на теоретската настава, 5 работилници за потесната практична настава, 5 специјализирани кабинети за практична настава и автосервис. Имаме Европски стандард на корисна површина по ученик од 9,72 м2. Мошне функционални се ходниците, степениците, санитарните чворови и пруги помошни простории во училишната зграда. Осумте канцеларии се доволни за раководниот кадар, педагошката служба и администрацијата. Има и доволно магацински и складишен простор на училиштето.

Проектното работење во континуитет, е одлика на модерната настава во специјализирани училници, кабинети, применливата практика во сопствени работилници и тимското работење во истражувањето и унапредувањето на наставниот процес и програм.