Одбележан училишниот патронен празник
Напишано од Љубомир Атанасов на 17.04.2010 | Категорија:
Вчера, 16.04.2010, беше одбележан училишниот патронен празник во КУЦ “Бели мугри”. Дождот не претставуваше пречка за заинтерисираните гледачи од сите возрасти да ја пополнат салата во 19:30 ч. и 2 часа да уживаат во она што го подготвија учениците на СОУ “Гошо Викентиев”. Меѓу присутните беа и гости од соседните градови, Виница, Струмица, Радовиш.
На почетокот од двочасовното дружење се обрати директорот на училиштето, г-динот Петруш Сенесов, кој им го честита патрониот празник на своите вработени и колеги. Учениците кои беа задолжени за подготовките пријатно изненадија со големиот број кратки драмски претстави, кои беа во режија на потпретседателот на М. О. “Авангарда” – Ангелчо Илиевски, чија поврзани дејствија ги прикажаа згодите и незгодите, учењето и дружењето во средношколските денови преку сеќавањата на двајца пријатели после долги години. Исто така, публиката можеше да ужива во изведбите на неколку музички нумери кои ги подготвија членовите на бендот “АРИА” и талентираните ученици од нашето училиште. Во текот на изведбите публиката во ниеден момент не ги штедеше своите аплаузи и задоволна ги отпоздравуваше учениците кои зедоа учество на “штиците што живот значат”.
Годинешниов патронен празник помина во прекрасна изведба и кореографија на сцената, а секако за тоа се погрижија големиот број ученици и класни раководители чии иновативни идеи помогнаа во голема мера за одличната организација на оваа значајна манифестација.