Уписи 2010
Напишано од Дејан Ангелов на 08.06.2010 | Категорија:
Завршува и оваа учебна година, се наближуваат деновите кога полуматурантие треба да одлучат каде ќе го продолжат образованието. Уписите за наредната 2010-2011 учебна година се во два уписни рока, јунски и августовски.
Првото пријавување и запишување во јунски уписен рок е на 17 и 18 јуни 2010 година, а резултатите и слободните места ќе се објават на 21 јуни 2010 година.
Второ пријавување и запишување во јунски уписен рок е 29 и 30 јуни 2010 година. Резултатите и слободните места ќе се објават на 1 јули 2010 година.
Августовскиот уписен рок е на 19 август 2010 година (резултатите и слободните места ќе се објават на 20 август 2010 година)
Доколку и после овие рокови останат слободни места ,уписите продолжуваат до 31 август 2010 година
Сите информации околу уписите се достапни во следниот документ