Новости

Завршија „Денови на средношколска култура и уметност“

Напишано од Љубомир Атанасов на 25.12.2009 | Категорија: Активности

Се што е убаво, трае кратко. Па така и „Деновите на средношколска култура и уметност“ го дочекаа својот крај. Последно што подготвената програма и го пружи на публиката ги вклучуваше „ARIA“ бенд, Ангела Арсова, која оваа година настапи на "Макфест" со песната „Нема ни светлина“, кратка музичка hip hop точка и инсерти од филмот „Како да се разбие малерот“' во продукција на СОУ „Гошо Викентиев“. повеќе…

Втор ден од „Денови на средношколска култура и уметност“

Напишано од Љубомир Атанасов на 24.12.2009 | Категорија: Активности

novost

Заврши и вториот ден (24.12.2009) од долгоподготвуваниот проект на М.О. „Авангарда“ – „Денови на средношколска култура и уметност“. Денешните предвидени активности се изведоа на „штиците кои живот значат“ во МКЦ „Ленин“ Кочани. повеќе…

Започнаа „Денови на средношколска култура и уметност“

Напишано од Љубомир Атанасов на 23.12.2009 | Категорија: Активности

novost

Денес (23.12.2009) и официјално во 10 ч. започна манифестацијата „Денови на средношколска култура и уметност“ во организација на М.О. „Авангарда“ чии членови вложија големи напори за реализација на овој проект. повеќе…

Одбележан денот на дрвото

Напишано од Љубомир Атанасов на 14.11.2009 | Категорија: Активности

novost

И овојпат учениците од нашето училиште ги соединија своите сили и симболично помогнаа во одбележувањето на денот на дрвото, 13 ноември. повеќе…

Предавање за пишување на CV

Напишано од Љубомир Атанасов на 29.09.2009 | Категорија: Активности

Денес (29.09.2009 г.) нашето училиште имаше можност да слуша дел од предавањата на USAID за практиканство и организација во работата. повеќе…

Уметничка колонија

Напишано од Љубомир Атанасов на 27.09.2009 | Категорија: Активности

novost

Вчера (26.09.2009 г.), од Л.М.О. „Авангарда“ беше организирана мала ликовна колонија во излетничкото место "Гоцева шума". повеќе…

Работилница на тема „Контрацепција“

Напишано од Љубомир Атанасов на 27.09.2009 | Категорија: Активности

novost

Во петокот (25.09.2009 г.), во нашето училиште беше одржана презентација и работилница од страна на претставници од H.E.R.A, невладина организација која ги едуцира младите за појавата на ХИВ вирусот и СИДА-та, но најголем акцент беше даден на контрацепцијата и контрацептивните средства како што се кондомите. повеќе…

Одличен завршеток на “Образовното рандеву”

Напишано од Љубомир Атанасов на 11.05.2009 | Категорија: Активности

novost

На 8ми односно 9ти мај се одржа долгоочекуваното “Обраовно рандеву” за кое учениците натпреварувачи со многу труд се подготвуваа долго време под будното око на професорите – ментори. повеќе…

Екскурзија до Струмица

Напишано од Љубомир Атанасов на 02.05.2009 | Категорија: Активности

novost

Во петокот на 30.04 се изведе еднодневна екскурзија до град Струмица, поточно организирана посета на Смоларските Водопади. повеќе…

50-ти јубилеен патронен празник

Напишано од Љубомир Атанасов на 17.04.2009 | Категорија: Активности

novost

Вчера, на 16.04 со почеток во 20 ч. во домот на културата “Бели мугри” се одбележа 50-тиот патронен празник на нашето училиште „Гошо Викентиев“. повеќе…

Премиера на „Сејач на деца“

Напишано од Љубомир Атанасов на 11.04.2009 | Категорија: Активности

novost

Претседателот на нашата младинска организација, Ангелчо Илиевски, освен што одлично си ја врши работата како претседател, тој исто така е одличен актер и режисер на многи претстави кои се прикажуваат во домот на културата “Бели мугри” и М. К. Ц. “Ленин”. Токму вчера беше претставена неговата претстава “Сејач на деца” во домот на културата. повеќе…

„Сејач на деца“

Напишано од Дејан Ангелов на 05.04.2009 | Категорија: Активности

novost

Драмското студио при СОУ „Гошо Викентиев“ ви ја претставува театарската претстава „Сејач на деца“. Текстот и режијата се на Ангелчо Илиевски.

Дата: 10.04.2009
Време: 20:00 часот
Место: Дом на културата „Бели Мугри“ Кочани
Влез: 50 денари повеќе…

„Засади ја својата иднина“

Напишано од Атанасов Љубомир на 16.03.2009 | Категорија: Активности

novost

Во саботата на 14ти март по повод денот на дрвото, професорите и учениците од нашето училиште излегоа на осоговските планини и ја подржаа акцијата за пошумување.

Се надеваме дека со тоа сите ние придонесовме за почиста и поздрава еколошка средина.

Сликите од акцијата можете да ги погледнете во галеријата. повеќе…

„Љубов и вино“

Напишано од Атанасов Љубомир на 13.02.2009 | Категорија: Активности

novost

Денешниот ден се празнува како Св. Валентајн, односно денот на вљубените. Ова е ден кога заљубените на своите сакани им подаруваат подароци во знак на искрена и долга љубов.

Така и во нашето училиште беше организиран литературен конкурс на тема „Љубов и вино“ бидејќи овој ден е познат и како СВ.Трифун, заштитник на доброто вино. Сите талентирани поети и поетеси можеа да ги предадат своите творби до 10 февруари. повеќе…

Новогодишна забава

Напишано од Ангелов Дејан на 28.12.2008 | Категорија: Активности

повеќе…